Приказната на Тимот
BELVIA започнува со мала група на луѓе кои брзо препознаа дека делат иста вредност – довербата. Доверба во идејата, но и доверба еден во друг.
Со текот на времето, тимот почна да расте низ разговори, заеднички одлуки и моменти во кои секој ја вложи својата експертиза, искуство и перспектива. Токму од таа комбинација на различни знаења се создаде природна рамнотежа, каде секој детал се разгледува внимателно, а секоја идеја добива простор да се развие.
Она што навистина нè поврзува не е само работата, туку начинот на кој ја работиме, со почит, разбирање и чувство на одговорност кон луѓето за кои ги создаваме нашите производи.
BELVIA е одраз на тој тим, на луѓе кои веруваат дека најдобрите работи настануваат кога професионалноста се спојува со искрена човечка грижа.
